Автор: orthodul

Паримии во Светата и Велика Сабота (2)

Прв дел

Исхода чтение (2. Мојс 13:20-22, 14:1-31, 15:1-19)

Појдоа синовите Израилеви од Сокхот, се утаборија во Отам, при пустината. А Бог ги водеше: дење во столб од облак, за да им го покажува патот, а ноќе во столб од оган, светејќи им. И не се иставаше пред сиот народ столбот од облак – дење, ни столбот од оган – ноќе. И му рече Господ на Мојсеја, велејќи: „Кажи им на синовите Израилеви да свртат и да се утаборат спроти населбата меѓу Магдол и морето, спроти Веелсепфон. Пред нив ќе се утабориш крај морето. И Фараонот ќе им рече на своите луѓе за синовите Израилеви: ‘Скитаат по земјата, бидејќи пустината ги затворила’. А Јас ќе го ожесточам срцето на Фараонот, и тој ќе појде во потера по нив. Но Јас ќе се прославам во Фараонот и во сета војска негова. И сите Египтјани ќе познаат дека Јас сум Господ“. Тие така и направија.

И му соопштија на царот египетски дека народот избегал, па се измени срцето на Фараонот и слугите негови против народот и рекоа: „Што направивме, па ги пуштивме синовите Израилеви, та да не ни робуваат“. И ги впрегна Фараонот колите свои, и сиот народ го собра со себе. Зеде шестотини избрани коли по избор и сета коњаница египетски, и нивните војводи. А Господ го ожесточи срцето на Фараонот, царот египетски, и на слугите негови, и тргна во потера по синовите Израилеви; но синовите Израилеви врвеа со подигната рака. И се впуштија по нив Египтјаните, и ги најдоа утаборени спроти морето, а сета коњаница и колите Фараонови, коњаниците и неговата војска- пред населбата, спроти Веелсепфон. (more…)

Паримии во Светата и Велика Сабота (1)

На први час

Пророчества Иезекиилева чтeние (Езек 37:1–14)

Би раката Господова врз мене и ме изведе во духот Господов, ме постави среде полето – а тоа беше полно со човечки коски, И ме проведе околу нив, а таму имаше многу, многу коски во полето и тие беа многу суви. И ми рече: „Сине човечки, ќе оживеат ли овие коски?“ И реков: „Господи Боже, Ти го знаеш тоа“. Па ми рече – изречи пророштво за тие коски и ќе им кажеш: „Коски суви, чујте го словото Господово! Така им вели Адонај Господ Бог на овие коски – еве, Јас ќе внесам во вас дух животен. Ќе ви дадам жили, ќе направам на вас да израсне месо, ќе ве покријам со кожа и ќе ви го дадам духот Мој во вас, па ќе оживеете и ќе познаете, дека Јас сум Господ“. Јас го изреков ова пророштво како што ми заповеда Господ, и кога пророкував, се чу глас, и, ете, потрес, па почнаа коските да се зближуваат, коска до коска, секоја на својот зглоб… И видов, ете, имаше жили на нив, и месо израсна, кожа ги покри одозгора, но дух немаше во нив. Тогаш ми рече – „изречи пророштво за духот, изречи пророштво сине човечки, и кажи му на духот, вака вели Адонај Господ: ’дојди од четирите ветра, духу, и дувни врз овие мртви и нека оживеат’“. И јас го изреков ова пророштво како што ми заповеда и влезе во нив дух животен – и тие оживееја и се исправија на нозете свои – многу големо собрание. (more…)

Тропар и синаксар на преподобна Марија Египетска

Отпустителен тропар, глас 5.
Подобен: Собезначалное Слово:

Просветлена божествено од благодатта на Крстот, се пројави како светоносен блесок на покајанието, откако го отфрли помрачувањето од страстите, сечесна. Затоа и свештениот Зосима те виде како ангел во пустината, Марие преподобна мајко, со него помоли се за сите нас. (more…)

Паримии во Светиот и Велик петок

На први час

Пророчества Захариина чтение (Зах 11:10-13)

Така вели Господ: Ќе го земам стапот Свој добар и ќе го фрлам, за да го разорам заветот што го склучив со сите народи. И тој ќе биде разорен во оној ден, и тогаш ќе разберат Хананејците, овците кои се чуваат за Мене дека ова е слово од Господа. И ќе им речам: ако ви е угодно, дајте Ми ја платата Моја; или одречете се. И тие Ми одредија плата триесет сребреници. И Господ ми рече: стави ги во печката и испитај дали е вистинско (сребро), исто како што бев испитан од нив. И ги зедов триесетте сребреници и ги фрлив во домот Господен во печката, како што ми кажа Господ. (more…)

Паримии во Светиот и Велик Четврток

На први час

Пророчества Иеремиина чтение (Ер 11:18–23; 12:1–4, 9–11, 14–15)

Господи кажи ми, и ќе разберам; тогаш ги видов нивните потфати. Јас, пак, како незлобиво јагне, водено на клање, и не знаев дека тие смислуваат заговор против мене, велејќи: „дојдете да му ставиме дрво во неговиот леб, и да го истребиме од земјата на живите, така што ни името негово веќе да не се споменува”. Господе Саваоте, Кој судиш праведно, Кој ги испитуваш срцата и утробите, допушти да ја видам Твојата одмазда врз нив, бидејќи Тебе ти го открив моето оправдание! Заради тоа, така им вели Господ на мажите анатотски, кои ја бараат душата моја и кои велат: не пророкувај во името на Господа, за да не умреш од рацете наши. Заради тоа, така вели Господ на силите: „Јас ќе ги посетам, нивните младичи од меч ќе умрат, и синовите  нивни и  ќерките нивни ќе загинат од глад. И нема да остане остаток од нив, ќе им наносам зло на оние што живеат во Анатот, во годината на нивната посета“. (more…)

Канон во втората недела од Великиот пост

Канон од Триодот, глас 8.

Песна 1

Ирмос: Колесничарите на фараонот, некогаш, ги потопи чудотворејќи Мојсеевиот жезол, и со крстообразен удар го раздели морето. Израил, пак, пеш бегајќи се спаси, и песна на Бога воспеваше.

Ги примивме зборовите на блудниот син, па со топли солзи припаѓаме кон Тебе Отец на сите и Бог, велејќи: грешевме и од Тебе се оддалечивме, и на блудот му робувавме, но прими го нашето покајание.

Го пренебрегнав царското благородие, што си ми го дал, Слово, Кој стана човек заради мене. Сурово се осудив да им угодувам на свињите хранејќи се со гревот, но поштеди ме Спасителе со Твоето милосрдие.

На колена паѓам, како порано блудниот син, Владико Господи. Ти притекни ми и прими ме, со рацете прегрни ме и дај ми го Твоето спасение, наместо наемник, повторно син Твој направи ме Човекољупче.

Богородичен: Преку Тебе Богоизрадувана, човечката природа се удостои за богојавление, оти само ти си застапница меѓу Бога и луѓето. Затоа како Божја Родителка сите достојно те славиме. (more…)

Канон кон праведниот Јосиф Обручник

Глас 1, неговиот акростих е: „Те воспевам од десно на Христа стоиш. Јосиф“

Песна 1

Ирмос: Христос раждается:

Христов угоднику, блажени, служителу на Христа воплотениот, татко Христов почитуван; претстоејќи пред Него со смелост, испроси им мир и избавување од маките на оние што те фалат.

Послушнику на божествените зборови, служителу на преславните дела, обручнику на  Дева Богоотроковица, праведен во сѐ и вистински, си се јавил, Јосифе, и во населбите на праведните си се упокоил.

(more…)

Паримии во Светата и Велика Среда

На шести час

Пророчества Иезекиилева чтение (Езек 2:3-3:3)

Господ ми рече: „Сине човечки, Јас те праќам при домот Израилев, при непокорни луѓе, кои ме огорчија; тие и татковците нивни Ме отфрлија дури до денешниов ден. Тие се синови со огрубено лице и со жестоко срце. При нив те праќам и ти ќе им кажеш: „Така вели Адонаи Господ“. Ако послушаат или ќе се исплашат, бидејќи тие се дом отстапнички, ќе познаат дека ти се пророк среде нив. А ти, сине човечки, да не се исплашиш од нив, ни да се ужаснеш од нивните лица: зашто ќе се разбеснат и ќе те навредуваат од сите страни; меѓу скорпии живееш. Не бој се од зборовите нивни и не ужаснувај се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички. Кажувај им ги зборовите Мои – без разлика дали ќе послушаат или ќе се исплашат тие или не, бидејќи се дом бунтовнички. А ти, сине човечки, чуј Го Оној кој ти зборува: ,Не биди отстапник како тој отстапнички дом; отвори ја устата твоја и изеди го она што ќе ти го дадам.’”

(more…)

Паримии во Светиот и Велик Вторник

На шести час

Пророчества Иезекиилева чтение (Езек 1:21–28; 2:1)


Кога се движеа животните, се движеа и тркалата до нив; и кога животните се подигаа од земјата, се подигаа и тркалата. Каде што имаше облак, таму се движеше и духот. Се движеа и животните, и тркалата се подигаа со нив, бидејќи духот на животот беше во тркалата. Над главите од животните имаше нешто слично на свод, налик на кристал издигнат одозгора над нивните крилја. А под сводот се наоѓаа раширени крилјата нивни, свртени едно спроти друго, додека другите две им ги покриваа телата нивни. А кога летаа, слушав звук од крилјата нивни, нешто како звук од многу води, како звук од Бог Садаи; а кога одеа – како звук од војска, кога, пак, застануваа, ги спуштаа крилјата свои.

(more…)

Паримии во Светиот и Велик Понеделник

На шести час

Пророчества Иезекиилева чтение (Езек 1:1-20)

Во триесеттата година, четвртиот месец, петтиот ден од месецот, и јас бев меѓу прогонетите при реката Ховар, се отворија небесата – и видов Божји виденија. Во петтиот ден од месецот, а тоа е петтата година, откако беше заробен царот Јоаким, би слово Господово до свештеникот Језекиила, синот Вузиев, во земјата Халдејска при реката Ховар; и беше  врз мене раката Господова. И видов: ете, бурен ветар доаѓаше од север и голем облак во него, и светлина околу него и блештеше оган. И среде него нешто налик на килибар среде огнот, и светлина во него. Во средината негова, пак, видов призраци на четири животни – по обликот свој слични на човек. Секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив – по четири крилја. И нозете нивни беа прави и нивните стапала беа пернати, и имаше искри како од блескава бронза; крилјата, пак, нивни беа лесни. А под крилјата нивни имаа човечки раце – на сите четири страни.

(more…)