посен триод

Тропар и синаксар на преподобна Марија Египетска

Отпустителен тропар, глас 5.
Подобен: Собезначалное Слово:

Просветлена божествено од благодатта на Крстот, се пројави како светоносен блесок на покајанието, откако го отфрли помрачувањето од страстите, сечесна. Затоа и свештениот Зосима те виде како ангел во пустината, Марие преподобна мајко, со него помоли се за сите нас. (more…)

Канон во втората недела од Великиот пост

Канон од Триодот, глас 8.

Песна 1

Ирмос: Колесничарите на фараонот, некогаш, ги потопи чудотворејќи Мојсеевиот жезол, и со крстообразен удар го раздели морето. Израил, пак, пеш бегајќи се спаси, и песна на Бога воспеваше.

Ги примивме зборовите на блудниот син, па со топли солзи припаѓаме кон Тебе Отец на сите и Бог, велејќи: грешевме и од Тебе се оддалечивме, и на блудот му робувавме, но прими го нашето покајание.

Го пренебрегнав царското благородие, што си ми го дал, Слово, Кој стана човек заради мене. Сурово се осудив да им угодувам на свињите хранејќи се со гревот, но поштеди ме Спасителе со Твоето милосрдие.

На колена паѓам, како порано блудниот син, Владико Господи. Ти притекни ми и прими ме, со рацете прегрни ме и дај ми го Твоето спасение, наместо наемник, повторно син Твој направи ме Човекољупче.

Богородичен: Преку Тебе Богоизрадувана, човечката природа се удостои за богојавление, оти само ти си застапница меѓу Бога и луѓето. Затоа како Божја Родителка сите достојно те славиме. (more…)