Молитва кон преп. Иларион, епископ Мегленски

svilarionmeglenskiO, утврдување на архиереите, Иларионе, слатко мое естество и име! Бидејќи имаш смелост пред Бога, погледни кон нас од висините, зашто сега, откако си се разрешил од огледалото и загатката, јасно ја гледаш Света Троица! Сочувај го нашето стадо неповредено од замките на противникот, огради нè со благодатта, што ти е дадена од Пастироначалникот- Спасителот Христос. Со камшикот на своите мудри зборови растерај ги волците на бесчестието и ересите, со ветерот на твојата благодат развеј ги нападите на противникот како плевел. Упатувај ја полнотата на Црквата, сочувствувај со нашите тешкотии. Знаеш колку е тешко бремето на претстојателството, ја познаваш одговорноста на архиерејството. Знаеш добро да нè раководиш и упатуваш, ако посакаш, и да нè насочуваш кон пристаништето на Божјата волја. (more…)

Општи паримии од службата на еден апостол

Sveti Jovan BogoslovНа велика вечерна

Соборнаго посланија Иоаннова чтение (1. Јн 3:21–4:6)

Возљубени, кога нашето срце не нè осудува, тогаш ние имаме смелост пред Бога, и, што и да запросиме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите заповеди и правиме што е угодно пред Него. А оваа е заповедта Негова, да веруваме во името на Неговиот Син Исуса Христа и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. И оној, што ги чува заповедите Негови, пребива во Него, и Он – во него. А дека Он пребива во нас, узнавме по Духот, што ни Го дал. (more…)

Паримии од службата на св. пророк Илија

Sv Ilija

На велика вечерна

Царств третиих чтение (3. Цар 17:1-24) 

Би словото Господово кон пророкот Илија, и му рече на Ахава: „Жив Господ, Бог на силите, пред Кого стојам денес. Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор.” И би зборот Господов кон Илија, велејќи: „Оди оттука кон исток и сокриј се во потокот Хорат, спроти реката Јордан; ќе има вода во потокот и ќе ја пиеш, а на гавраните ќе им заповедам да те хранат таму.” И Илија отиде и постапи според зборот Господов; и седна при потокот Хорат, спроти Јордан. И гавраните му донесуваа леб наутро, и месо навечер; а вода пиеше од потокот. 

(more…)

Општи паримии за апостоли

Sv Petar i Pavle

На велика вечерна

Соборнаго посланија Петрова чтение (1. Петр 1:3–9)

Браќа, благословен да е Бог и Отец на нашиот Господ Исус Христос, Кој по Својата голема милост нè прероди преку воскресението на Исуса Христа од мртвите за жива надеж, за нераспадливо наследство, нескверно, неувенливо, запазено на небесата заради вас, запазени од Божјата сила преку верата за спасение, приготвено да се јави во последното време. Затоа радувајте се, макар сега да сте малку во скрб – ако е потребно, во разни неволји, та вашата вера испитана, да излезе подрагоцена од нетрајното злато, па било тоа да е испитано и преку оган, за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос, Кого Го љубите, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи сега, и не гледајќи Го, се радувате со неискажлива и прославена радост, примајќи го крајот на вашата вера – спасението на душите. (more…)

Паримии на празникот на сите светии

Site sveti

На велика вечерна

Пророчества Исаиина чтение (Ис 43:9-14)

Така вели Господ: Сите народи се собраа заедно, и ќе се соберат кнезови од нив. Кој ќе им ги објави овие нешта или кој ќе ви го разгласи она што било во почетокот? Нека доведат свои сведоци и ќе се оправдаат, да чујат и да кажат вистина. Бидете Ми сведоци и Јас Сум сведок, вели Господ Бог, и Мојот слуга, што го избрав, за да познаете и да Ми верувате, да разберете дека Јас Сум: пред Мене немаше друг Бог, и по Мене нема да има. Јас сум Бог, и нема освен Мене некој кој спасува. (more…)

Паримии од службата на св. цареви Константин и Елена

Sv Konstantin i Elena

На вечерна

Царств третиих чтение (3. Цар 8:22–23, 27–30)

Тогаш застана Соломон пред лицето на жртвеникот Господов, пред целото собрание Израилево, ги подигна рацете свои кон небото и рече: „Господи, Боже Израилев! Нема Бог како Тебе ниту на небото горе, ниту на земјата долу. Ако небото и небото на небесата не Те собираат, како тогаш овој дом, што го изградив на Твоето име? Сепак, погледни на молитвата моја, Господи, Боже Израилев! Услишај ги повикот и молитвата со кои Твојот слуга Те моли денес пред Тебе. Да бидат очите Твои отворени кон овој дом дење и ноќе, кон ова место, за кое си рекол: името Мое ќе биде таму, за да ја услишаш молитвата, со кој се моли Твојот слуга на ова место, дење и ноќе, и да ја послушаш молбата на Твојот слуга и на твојот народ Израилот. Кога ќе Ти се помолат на ова место, ќе чуеш од местото на Твоето живеалиште на Небесата, ќе им исполниш и ќе им бидеш милостив.“ (more…)

Општи паримии од службата на еден пророк

sv proroci

На вечерна

Премудрости Соломони чтение (ПремСол 3:1–9)

Душите на праведниците се во Божја рака, до нив нема да се допре никаква мака. Во очите на неразумните тие се како умрени, а нивниот крај се сметаше за пропаст, и тоа што тие заминуваат од нас – како уништување, но тие се во мир. Зашто, иако пред лицата човечки и да се измачувани, надежта нивна е полна со бесмртност. Бидејќи и малку казнети, тие ќе добијат големи благодетелства зашто Бог ги испитал и ги најде достојни за Себе. Он ги испита како злато во печка и ги прими како најсовршена жртва. (more…)