Велики пост

Тропар и синаксар на преподобна Марија Египетска

Отпустителен тропар, глас 5.
Подобен: Собезначалное Слово:

Просветлена божествено од благодатта на Крстот, се пројави како светоносен блесок на покајанието, откако го отфрли помрачувањето од страстите, сечесна. Затоа и свештениот Зосима те виде како ангел во пустината, Марие преподобна мајко, со него помоли се за сите нас. (more…)

Преп. Теодор Студит- Огласително слово во неделата на митарот и фарисејот

StuditeБраќа и отци! Преблагиот Бог, кој посака и нè приведе од небитие во битие, нè поставил во овој свет, како во училиште, за да ги научиме и ги исполнуваме Неговите Божествени заповеди. Поради тоа Нашиот Господ наш Исус Христос, праќајќи ги во светот светите Свои ученици и апостоли на проповед на Евангелието на Своето царство, им заповедал, велејќи: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал“ (Мт 28:19-20). Какви се тие Божји заповеди, кои Тој ни заповедал да ги чуваме? (more…)