Избрани мисли за Рождеството Христово

Христос се роди

Ниту ангел, ни човек, но самиот Господ, победител преку  Неговата љубов спрема нас, сакаше да не` спаси  и обнови, роден како потполн  човек како нас, останува во исто време непроменет Бог.    (Св. Григориј Палама)

Кој може да ги опише благата на Неговото божество! Поради ова побрзај со ѕвездата и со мудреците однеси  Му злато и темјан и миро како дар! Чествувај Го како Цар и Бог и Искупител, кој се понизи за тебе! Заедно со пастирите прослави Го, со ангелите опеј Го, со архангелите скокај од радост! Бидејќи е славје и за небесните и за земните сили.                           (Св. Григориј Богослов)

Христос стана навистина човек, за да не`  направи богови по благодат.     (Св. Максим Исповедник)

Бог се појави во човечка плот бидејќи требаше да ja освети проколнатата плот. За оној кој бил болен да закрепне. За оној кој бил прогонет од Богa, да се врати блиску до Него и за оној кој отпаднал од Рајот, повторно да се врати  на небесата.   (Св. Василиј Велики)

Дојди, затоа, и ти исто донеси дарови, но не како што донесоа тие (мудреците), но почисти.

Дали принесоа злато? Ти принеси целомудрие и  доблест.

Дали принесоа темјан? Ти принеси  чисти молитви, тоа  духовно кадило.

Дали принесоа миро? Ти принеси понизност, скрушено срце и милостливост.

Ако се приближиш со овие дарови, со голема смелост ќе ја примиш свештената трпеза.   (Св. Јован Златоуст)

Извор:Selected Thoughts of the Fathers on Christmas

Напишете коментар