За чудотворната икона Млекопитателница

mlekopЧудотворнaта икона на  Богородица наречена Млекопитателница (на грчки Γαλακτοτροφούσα) го  претставува Младенецот Христос како, држен на рацете на Богородица, се храни од градите на Светата Богомајка. Сликана е на основа на Евангелието: дека Пресветата Богомајка го доила овоплотениот Господ Христос како свој син, што онаа жена во Евангелието го исповедила со зборовите упатени на Христа: Блажена е утробата, што Те носела и градите, од кои си се хранел! (Лк 11,27). За таа вистина истотака говореле и пишувале и Светите Отци на Источната Црква. Така Свети Ефрем Сириски вели во песните на Рождество Христово: “Од утробата Девина излегол Младенец, и со млеко се хранел, и растел покрај деца – Синот на Господарот на се`. Светата  Дева-Мајка му давала на Христа млеко, и Тој како човек се хранел со нејзиното млеко. Кога  Господ се хранел со млекото Мариино, тогаш  точел живот на сиот свет.” Слично пеел и Свети Роман Мелод, а неговите и од други цркoвни поети, химни за тоа влегле во Богослужењето на нашата Црква. Една од тие песни испишана е на хиландарската икона Млекопитателница во Карејската  испосница на Свети Сава: “Златоплетен Столбу, и дванаестоѕидни Граду, сонцеточни Престолу, Столицо на Царот, несфатливо е чудото: како со млеко го храниш Господа!?”( Егзапостилар на Успението на Богородица). Вакви претстави има уште од најстари времиња во Светата земја, Сирија, Египет, Византија итн. Денес  ваква фреска има и во манастирот Св. Наум на Охридското Езеро (настаната во XIV век, по углед  на карејската икона). По хиландарското предание, денешната хиландарска икона Млекопитателница се наоѓала во лаврата на св. Сава Осветен , на дваесет километри јужно од Ерусалим. Светиот основач на оваа најголема Лавра на Истокот, Свети Сава Осветен (†532),пред својата блажена смрт пророчки говорел декаа по многу време Лаврата ќе ја посети еден монах од благореоднички  род од запад, по име Сава, на кого треба како благослов да му се дадата иконата на Мајката Божја Млекопитателницеа и неговииот игумански жезол. Во 1217 г. , кога светиот архиепископ Сава Српски се приближувал до  кивотот во кој почивале моштите на Свети Сава Осветен, игуманскиот жезал паднал од ѕидот пред нозете на Свети Савa Српски, а икона на Богородица Млекопитателнице се поместила од своето постоље. Оваа сцена се повторила и на второто доаѓање на свети Сава Српски По третото влегување во храмот, братството му го соопштило заветот на својот духовен праотец. Тогаш му биле дадени иконата Млекопитателница, игуманскиот жезал и Богородичната икона Троерачица, која му припаѓала на свети Јован Дамаскин. По враќањето на Света гора Атонска, св. Сава ја оставил иконата Троеручица во Хиландар (денес е на игуманскиот престол во овој манастир), а жезалот во ќелијата Моливдоклисја (а потоа  во ќелијата Патерица).  Иконата Млекопитателница ја пренел во својата испосница на Кареја, наречена Типикарион.  Испосницата е посветена на свети Сава Осветен, а иконата Млекопитателница е поставена десно од Царските двери,на местото од Господовата икона, која е на левата страна.Иако, ваквата пракса не е вообичаена, сепак Вселенската  Црква ја дозволила. Споменот на оваа чудотворна икона е на 12/25 јануари.

Извор: Никодим Хиландарац- Икона Богородице Млекопитатељнице

Напишете коментар