Молитва кон преп. Иларион, епископ Мегленски

svilarionmeglenskiO, утврдување на архиереите, Иларионе, слатко мое естество и име! Бидејќи имаш смелост пред Бога, погледни кон нас од висините, зашто сега, откако си се разрешил од огледалото и загатката, јасно ја гледаш Света Троица! Сочувај го нашето стадо неповредено од замките на противникот, огради нè со благодатта, што ти е дадена од Пастироначалникот- Спасителот Христос. Со камшикот на своите мудри зборови растерај ги волците на бесчестието и ересите, со ветерот на твојата благодат развеј ги нападите на противникот како плевел. Упатувај ја полнотата на Црквата, сочувствувај со нашите тешкотии. Знаеш колку е тешко бремето на претстојателството, ја познаваш одговорноста на архиерејството. Знаеш добро да нè раководиш и упатуваш, ако посакаш, и да нè насочуваш кон пристаништето на Божјата волја.

Ти имаш опит во сето тоа, зашто сите потешкотии си ги понесол заради Христовата Црква. Си ги смирил еретичките буни, противниците на благочестието на догматите со духовната вештина си ги повратил кон православие. На Христа, нашиот Бог, цркви си Му подигнал, заблудените си ги исправил, бесомачните си ги исцелил, примките на ересите си ги раскинал. Со добар подвиг си се подвизувал, својот тек си го завршил, верата вистинска си ја сочувал. Затоа, иако мртов, како жив по смртта живееш и кивотот на твоите мошти излева непресушни потоци на различни исцеленија. Не само тоа, но и нашиот престол го украсуваш, а многуте твои подвизи нè побудуваат кон ревност. Оти ти не си подвизувал само делумно, туку дури и до крв, и си се претставил како бескрвен маченик. Затоа денес си им сожител на ангелските хорови, и ненаситно се насладуваш на она што око не виде и уво не чу и до срце човечко не се дојде, во самиот Христос, нашиот Бог. Нему слава и власт со Отца и Светиот Дух, сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин!

Извор: Пространо житие на св. Иларион Мегленски, напишано од св. Ефтимиј Трновски

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s