
Нашите запалени свеќи се символ на божествената слава на Оној Кој дојде да ја истера темната сенка на злото и да ја осветли целата вселена со блесокот на Неговата вечна светлина. Нашите свеќи исто така покажуваат колку светли треба да се нашите души кога ќе се сретнеме со Христос.
Мајката Божја, пречистата Дева, ја носеше вистинската светлина во нејзините раце и Го донесе кај оние што беа во темнина. И ние треба да носиме светлина за сите да видат и да сме одблесок на вистинската светлина, додека одиме на сретение со Него.
Светлината дојде и му засвети на светот обвиткан во сенка, Истокот од висините нѐ посети и им даде светлина на оние што живееле во темнина. Ова е нашиот празник, и одиме во литија со запалени свеќи за да ја откриеме светлината која нѐ осветли и славата која треба да дојде преку Него. Затоа, да побрзаме кон сретението со Нашиот Бог.
Дојде вистинската светлина, светлината која го просветлува секој човек роден на овој свет. Затоа, чеда, да се просветлиме и озариме со оваа светлина. Да се причестиме со нејзината слава, и да се исполниме со неа, така што никој нема да е во темнина. Да светлиме и ние додека со старецот Симеон одиме да ја сретнеме и примиме светлината чијшто блесок е вечен.
Радувајќи се со Симеон, да испееме благодарствена песна кон Бога, Отецот на светлината, Кој ја испрати вистинската светлина за да го изгони мракот и да ни даде учество во Неговата слава. Преку Симеоновите очи и ние го видовме спасението Божјо кое Тој го подготвил за сите народи и го открил како славата на новиот Израил, кој сме ние самите. Како што Симеон беше ослободен од врските на овој живот како го виде Христа, така и ние наеднаш бевме ослободени од претходната гревовна состојба.
По вера, го примивме Христос, спасението на Бога Отецот, кој дојде кај нас од Витлеем. Претходно јазичници, сега сме народ Божји. Нашите очи го видоа Бога воплотениот, и бидејќи го видовме присутен помеѓу нас и умствено го примивме во нашите прегратки, се нарекуваме новиот Израил. За да не го заборавиме ова присуство, го чествуваме овој Негов празник.
Нашите запалени свеќи се символ на божествената слава на Оној Кој дојде да ја истера темната сенка на злото и да ја осветли целата вселена со блесокот на Неговата вечна светлина. Нашите свеќи исто така покажуваат колку светли треба да се нашите души кога ќе се сретнеме со Христос.
Мајката Божја, пречистата Дева, ја носеше вистинската светлина во нејзините раце и Го донесе кај оние што беа во темнина. И ние треба да носиме светлина за сите да видат и да сме одблесок на вистинската светлина, додека одиме на сретение со Него.
Светлината дојде и му засвети на светот обвиткан во сенка, Истокот од висините нѐ посети и им даде светлина на оние што живееле во темнина. Ова е нашиот празник, и одиме во литија со запалени свеќи за да ја откриеме светлината која нѐ осветли и славата која треба да дојде преку Него. Затоа, да побрзаме во сретението со Нашиот Бог
Дојде вистинската светлина, светлината која го просветлува секој човек роден на овој свет. Затоа, чеда, да се просветлиме и озариме со оваа светлина. Да се причестиме со нејзината слава, и да се исполниме со неа, така што никој нема да е во темнина. Да светлиме и ние додека со старецот Симеон одиме да ја сретнеме и примиме светлината чијшто блесок е вечен.
Радувајќи се со Симеон, да испееме благодарствена песна кон Бога, Отецот на светлината, Кој ја испрати вистинската светлина за да го изгони мракот и да ни даде учество во Неговата слава. Преку Симеоновите очи и ние го видовме спасението Божјо кое Тој го подготвил за сите народи и го открил како славата на новиот Израил, кој сме ние самите. Како што Симеон беше ослободен од врските на овој живот како го виде Христа, така и ние наеднаш бевме ослободени од претходната гревовна состојба.
По вера, го примивме Христос, спасението на Бога Отецот, кој дојде кај нас од Витлеем. Претходно јазичници, сега сме народ Божји. Нашите очи го видоа Бога воплотениот, и бидејќи го видовме присутен помеѓу нас и умствено го примивме во нашите прегратки, се нарекуваме новиот Израил. За да не го заборавиме ова присуство, го чествуваме овој Негов празник.
Според древното Предание на овој ден верниците држат запалени свеќи во текот на литургијата, а потоа се врши и литија. Во Требникот постои и посебен чин за осветување на свеќи на празникот Сретение


