Ти велиш, дека онаа старица христијанка и оној бајач христијанин, кога бајат и даваат амајлии не произнесуваат и не пишуваат други имиња освен името на Бога, на Христос, на Богородица и на светците, и според тоа тие не вршат зло. На тоа ти одговара божествениот Златоуст и ти кажува, дека затоа особено треба да ги мразиш онаа зла старица и оној зол бајач, бидејќи го употребуваат за потсмев и бесчестие името на Бога, и иако се христијани, постапуваат како Елини; затоа што и демоните, ако и го произнесат името на Бога, пак се демони: „Некои, сметајќи да се заштитат, велат, дека жената, која прави такви нешта, е христијанка и не изговара ништо друго освен името на Бога, заради тоа навистина особено ја мразам и се одвраќам од неа, бидејќи се послужила со името на Божјо за подигрување; кажува дека е христијанка, а покажува дела карактеристични на елините; затоа што и демоните го изговараа името Божјо, но беа демони; и му велеа на Христа: „Те знаеме Кој си, Светец Божји” (сп. Марко 1:24); и сепак Тој ги натера да замолчат и ги прогони”.
Преп. Никодим Агиорит- Бајачите не се Божји слуги
16.02.2012 од orthodul


