Вo богослужбите на првите три дена од Страстната седмица се задржува општиот покаен карактер. Но, освен тоа, секој ден е посветен на особен спомен, што е изразено и во песнопенијата и евангелските чтенија на утрената и литургијата.
Во Велики Понеделник се споменува старозаветниот патријарх Јосиф, поради завист на браќата продаден во Египет, пострадал, а потоа се прославил и со тоа е праобраз на страданијата на Христа Спасителот, предаден на смрт од сонародниците. Освен тоа, во овој ден се споменува и за бесплодната смоква, која била проколната и исушена од Господа, послужувајќи како образ на лицемерните фарисеи, во кои, не гледајќи на надворешната набожност, Господ не нашол вистински плодови на верата и благочестието, туку само лицемерна сенка на законот.
На бесплодната, засушена смоква станува слична секоја човечка душа, која не принесува духовни плодови- вистинско покајание, вера, молитви и добри дела.
Во Велики вторник се спомнува за Господовото разобличување на книжниците и фарисеите, неговите беседи и приказни, кажани во тој ден во Ерусалимскиот храм: за данокот на кесарот, за воскресението на мртвите, за Страшниот суд и крајот на светот, приказната за десетте девојки и за талантите. Во приказните се изобразува ненадејноста на доаѓањето на Господа (за десетте девојки) и за праведниот суд Божји (за талантите).
Во Велика среда, се спомнува жената-грешница, која со солзи ги измила и ги помазала со драгоцено миро нозете на Спасителот, кога тој бил на вечера во Витанија, во домот на Симон Лепрозниот и со тоа го подготвила Христа за погребение. Овде Јуда со наводната грижа за сиромашните го покажал своето среброљубие, а на вечерата решил да го продаде Христа на еврејските старешини за 30 сребреника.
Во првите три дена од Страстната седмица, Типикот предвидува да се прочита целиот псалтир освен 17-тата катизма, која се чита на утрената на Велика Сабота.
На утрената после «Аллилуиа», во првите три дена се пее со особен напев трогателниот и умилителен тропар: «Се, Жених грядет в полунощи, и блажен раб, егоже обрящет бдяща; недостоин же паки, егоже обрящет унывающа. Блюди убо, душе моя, не сном отяготися, да не смерти предана будеши, и Царствия вне затворишися; но воспряни зовущи: Свят, Свят, Свят еси, Боже, Богородицею помилуй нас».
Со овој тропар Црквата ни напомнува за ненадејното доаѓање на Судијата на светот и не побудува на духовно бдеење.
По тропарот се стихословат три катизми. По катизмите се чита посебно (за секој ден) Евангелие (во понеделник – Јн. зач. 84, вторник, Мт. зач. 90, во среда Јн. зач. 41).
По Евангелието, 50-тиот псалм, молитвата «Спаси, Боже, люди Твоя…» и возгласот: «Милостию и щедротами…» се пее трипеснецот на Триодот. По завршувањето на трипеснецот се пее светилниот «Чертог Твой вижду, Спасе мой, украшенный, и одежды не имам, да вниду в онь; просвети одеяние души моея, Светодавче, и спаси мя»
Во овој светилен ние го исповедаме пред Господа своето недостоинство и се понизуваме и плачеме , како невестата, оставена надвор од брачната соба.
Во првите три дена од Страстната седмица (од вечерната на Цветници), на службите се кажува особен отпуст: «Грядый Господь на вольную страсть нашего ради спасения, Христос, истинный Бог наш, молитвами..»..
Во првите три дена на Страстната седмица на третиот, шестиот и деветтиот час последователно и наполно се чита целото Четвороевангелие (во 9 делови) до зборовите «Ныне прославися Сын Человеческий…» (Jн. 13, 32).
Паримиите, се земени од пророштвата на Језекиил (на 6-ти час), од книгата Исход и од книгата за страдалниот Јов (на вечерна).
Во првите три дена од Страстната седмица се совршува литургија на претходноосветените дарови. По пеењето на «Да исправится молитва моя…» и молитвата на св. Ефрем Сирин со големи поклони, се чита Евангелие, соодветно за споменот на секој ден (во понеделник — Мт., зач. 98, во вторник — Мт., зач. 102, во средa — Мт., зач. 108). На Велика среда за последен пат се чита молитвата на св. Ефрем Сирин.
Во Страстната седмица, не се вршат помени на покојните и не се врши празнување на спомен на светители, бидејќи целата седмица е посветена исклучиво на спомнување на страданијата и крстната смрт на Господа.
Митрополит русенски Неофит- Се Жених грядет, гл. 8/ Чертог твой, гл. 3


