Feeds:
Posts
Comments

Иконописната уметност во Источната Православна Црква е свештена, литургиска уметност како и сите црковни уметности, кои имаат духовна намена. Целта на овие уметности не е само за украсување на црквата со слики, за да биде попривлечна за верните, или да се насладат нивните со музика: туку да ги воздигне нив до таинствениот свет преку духовната лествица, чиишто скалила или газишта се светите уметности, химногрaфијата, псалмопеењето, цркво-градителството, религиозниот живопис и други уметности. Сите овие делуваат заедно за да го обликуваат таинствениот Рај во душите на верните. Согласно со тоа, уметничките дела во Источната Црква се ознаки на божествениот свет. Continue Reading »

… И такa, ние кои сме христијани сме ветиле: да се Му се молиме на својот Бог постојано, (држејќи ги Неговите заповеди и секогаш да ја вршиме Неговата волја). Бидејќи “верата без дела е мртва”, по зборовите на Јакова. Но, браќа и чеда мои љубени, како што и понапред реков, на обете [треба] со страв и трепет да се држиме [и да ги чуваме]. Држете го (затоа) словото Божјо и светата вера Христова, и повикувајте го со чисто срце пресветото Име Негово, и без мрзеливост во светите молитви паѓајте пред Него исповедајќи ги своите гревови, плачејќи со солзи пред Него и Нему пеејќи и потпевнувајќи Му во вашите Срца постајано, деноноќно, непрестано. Continue Reading »

На девојката која не може да се реши ни за брак ни за манастир

Штом се колебаш,ќерко, знај дека си повеќе за брак отколку за манастир. За монашки живот се оние кај кои нема колебање. Свети Сава не се двоумел. Ни света Теодора, ни Ксенија, ни Ефимија, ни толку други, кои биле прави уметници на монашкиот живот. ова не може сите да го примат освен оние на кои им е дадено.

Ти велиш, дека често така навечер седиш со својата мајка покрај огништето, па набројувате причини за и причини против. А јас ти велам: колкав и да е бројот на причините , пак нема причините да пресудат на која страна ќе тргнеш, туку привлечноста. Љубовта стои над сите причина. И ако љубовта спрема Христа не те одведе во самотната манастирска тишина, тогаш љубовта спрема светот ќе те задржи во светот и ќе те упати во брак. Но и во овој друг случај ти можеш да бидеш благословена со благословот на Сара и Рахила, па и на самата твоја мајка. Continue Reading »

Достоин! Ἂξιος! Достоен!

Соборот на Српската Православна Црква за свој претстоител го избра преосвештениот епископ нишки г. Иринеј (Гавриловиќ). Изборот е извршен со апостолска жрепка од тројцата кандидати митрополитот црногорско-приморски Амфилохиј, епископот бачки Иринеј и епископот нишки Иринеј. Името на новоизбраниот патриујарх го извлекол игуманот на манастирот на пресвета Богородица Лепавинска архимандрит Гаврил. Востоличувањето ќе биде извршено утре (23.01.2009 г.) во Соборниот храм во Белград, а на 25.04.2009г. и во манастирот Пеќска патријаршија. Continue Reading »

На Богојавление, денот на Господовото крштение, секоја година, се врши едно големо чудо. Светиот Дух, слегува над водата, менувајќи ги нејзините природни својства. Таа стануваа нерасиплива (забележано уште од св. Јован Златоуст м.з.) , нетлена , останувајќи бистра и свежа многу години. Оваа света вода ја прима благодатта да лечи болести, да ги растерува демоните и секоја зла сила, да ги зачува луѓето и нивните живеалишта од секоја опасност, да осветува разни предмети, за црковна или домашна употреба. Continue Reading »

1.Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно (2. Тим. 3; 16), и Духoт Свет го напишал заради тоа да во него, како во некое заедничко лечилиште на душите, сите ние, луѓето, би избрале исцеление за својата сопствена страст. Во Писмото е речено: Кротоста ќе ги помири и големите гревови (Проп. 10; 4). Меѓутоа, едно не` поучуваат пророците, а друго писателите на историски книги, едно не` поучува законот, а друго има вид на советодавни изреки (пословици). Книгата псалми го опфаќа она што е најкорисно во сите останати книги. Continue Reading »

Христос се роди

Continue Reading »

mlekopЧудотворнaта икона на  Богородица наречена Млекопитателница (на грчки Γαλακτοτροφούσα) го  претставува Младенецот Христос како, држен на рацете на Богородица, се храни од градите на Светата Богомајка. Сликана е на основа на Евангелието: дека Пресветата Богомајка го доила овоплотениот Господ Христос како свој син, што онаа жена во Евангелието го исповедила со зборовите упатени на Христа: Блажена е утробата, што Те носела и градите, од кои си се хранел! (Лк 11,27). За таа вистина истотака говореле и пишувале и Светите Отци на Источната Црква. Така Свети Ефрем Сириски вели во песните на Рождество Христово: “Од утробата Девина излегол Младенец, и со млеко се хранел, и растел покрај деца – Синот на Господарот на се`. Светата  Дева-Мајка му давала на Христа млеко, и Тој како човек се хранел со нејзиното млеко. Кога  Господ се хранел со млекото Мариино, тогаш  точел живот на сиот свет.” Continue Reading »

Децата и светителите Те држат, Господи, останатите се бунтуваат против Тебе. Децата и светителите се граница помеѓу царството на битието и сенката на небитието.

Старателите се нарекуваат родители и ги фрлаат Твоите деца од високи карпи во бездна. Старателите вообразуваат, дека тие се родители, па управуваат со Твоите деца како со свој имот. Навистина, не управуваат туку криват и рушат.

Туѓи се децата, старатели, кои сте ги присвоиле, и ќе одговарате за кражба и разбојништво. Не е ваш животот ни оној што е во вас, ниту оној, на кого сте му послужиле како канал. Туѓо е се`, освен злото во вас, и ќе одговарате за кражба и разбојништво. Ќе одговарате за кражба, бидејќисте туѓото сте го нарекле свое, и за разбојништво, бидејќи туѓото сте го осакатиле и изрушиле. Continue Reading »

Свештеникот не може никогаш да ја затвора својата врата; многу голема одговорност носи. Еден е очаен, друг болен и има потреба, трет го предава духот на Бога. Едните треба да ги прими, кај другите сам да отиде. Свештеникот не може да откажува. Ако душите на луѓето се во опасност, треба да им помогне. Ако не им помогне и нивните души го напуштат овој свет неподготвени, кој ќе ја носи одговорноста? Нема ли свештеникот да одговара за тоа? Јас како монах можам и да ја затворам вратата на келијата, можам и во пустината да избегам, да се скријам некаде, и да помагам тајно со својата молитва. Затоа што мојата работа не е да ги решавам проблемите на луѓето, но да кажувам по некоја молитва за светот. Continue Reading »

Older Posts »